Јапонската компанија Fujitsu го претстави својот паметен телефон со кој покрај другото ќе се мери и нивото на хемоглобинот на корисникот, односно неговиот пулс, „гледајќи“ го во лице во текот на пет секунди.Како што најави компанијата претходно седмицава, ваквиот смартфон на пазарот би можел да се појави во период до една година.Пулсот се мери преку тоа што се следат промените во тенот на лицето, што се случува зависно од дотокот на крвта. Кожата на лицето се состои од безброј капилари, а во нив смартфонот ги очитува промените на нивото на хемоглобинот, протеин кој апсорбира зелена светлина.Хемоглобинот се наоѓа во црвените крвни зрнца кои го пренесуваат железото и кислородот.Во Fujitsu ја разгледуваат и можноста за вградување на уред за мерење на пулсот во телевизиските приемници и огледала, како и можност за нивна примена на влезовите за масовни собири или на контролни пунктови на аеродромите за да се откријат лица со потенцијална лоша здравствена состојба или оние коишто имаат сомнителни намери, поради што настануваат и промени во организмот, се наведува во соопштението на јапонската компанија.
МакфаксЈапонската компанија Fujitsu го претстави својот паметен телефон со кој покрај другото ќе се мери и нивото на хе