Јасно е кој ќе ја освои „златната топка“ идната година – Лео Меси!

Полската ѕвезда во Барселона, Роберт Левандовски веќе знае кој ќе ја освои престижната „златната топка“ во идната 2023 година, иако сè уште не сме влегле во новата година, а причината е едноставна – Лионел Меси стана светски првак со Аргентина.

Левандовски, кого „Франс Фудбал“ го прескокна поради корона-пандемијата и не ја додели наградата за 2020 година, кога беше неприкосновен и требаше да ја освои, јасно му е дека после триумфот на Мундијалот, нема друг фаворит за наградата освен Меси и приближно до него Килијан Мбапе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.