Антониа Гиговска неодамна го привлече вниманието на јавноста со брзото враќање на своето извајано тело по породувањето.Оттогаш пејачката е посветена на својот физички изглед и се грижи за исхраната, па не е изненадување што брзо ја постигна посакуваната фигура.Таа овој пат се потсети на нејзиниот изглед од пред три години со вишокот килограми кои повеќе ги нема.Сега изгледа тип топ и секако без своите некогашни облини од кои одлучи да се ослободи.„Овде сум јас од пред 3 години со плус 33 килиграми од сега“ – напиша Антониа со цел да ги инспирира нејзините следбеници споделувајќи го нејзиното искуство и начинот со кој го постигнала тоа.Преку пораката која ја сподели таа им најави дека во следните „сториња“ на Инстаграм ќе им подготви и специјални видеа за мотивација.Пејачката сега ужива да го поминува времето во теретана, а за тоа редовно ги известува нејзините обожаватели преку социјалните мрежи.Видео плејер00:0000:04Антониа веќе без проблем ја крева маичката нагоре, а сега и мотивацијата кај обожавателките.
Пронајдете не на следниве мрежи: