Контроверзниот Здравко Мамиќ, алфа и омега на Динамо Загреб и додека е во бегство во БиХ поради затворската казна од шест ипол години за трансфер-малверзации крена раце од „модрите“ и денеска објави дека се повлекува комплетно, откако повеќе од еден месец вистинска војна се води во клубот за превласт во фотелјата.
Мамиќ од Херцеговина ги влече конците со своите приврзаници, но обидот да го сменат најголемиот ривал Крешимир Антолиќ, кој му беше „потрчко“ до пред година ипол, не успеа откако градот Загреб го поништи исфрлањето од Извршниот одбор на клубот, па сега главните луѓе на контроверзниот бизнисмен вчера настрадаа со исфрлање од највисокото управувачко тело на хрватскиот првак.
Денеска Мамиќ објави дека комплетно се повлекува од клубот и остава на другите, пензионерите, да го водат клубот.