Момче од Австралија ја запросил својата девојка во болница пред да почине од леукемија, само пет дена откако тешката болест му била дијагностицирана.
Роузи Речичи била со Мајкл Овенс кога му била дијагностицирана акутна миелоична леукемија на четврти април оваа година, откако се пожалил на болки во вратот. Му кажа дека болеста е во доцна фаза, а само пет дена подоцна починал во болница.
Пред да почине и кажал на својата мајка дека Роузи е „таа правата“, пред да ја запроси.
Роузи и Мајкл се запознале во Хрватска додека патувале низ Европа, а нивната врска многу брзо станала сериозна. Иако се гледале тек еднаш месечно, патувајќи од Перт во Аделајд, секогаш биле во контакт онлајн.
Таа за „Дејли Мејл Австралија“ кажала дека никогаш нема да ги заборави неговите последни зборови кои ги упатил пред да почине. Парот бил во врска на далечина скоро година дена пред Мајкл трагично да почине.
-Останав со него на одделението за интензивна нега и лежев на кревет обидувајќи се да го утешам. Почнавме да разговараме за нас и нашата заедничка иднина и беше уверен дека ќе му биде подобро поради тоа. Ме праша дали ќе се омажам за него и без размислување прифатив, кажала Роузи.
Таткото на Мајкл, Питер Овенс, кажа дека Мајкл на својата мајка Деби и кажал дека ќе ја запроси Роузи. Тоа бил нивни последен , со што и понатаму тешко се помируваат.
Семејството на Мајкл во негова чест покрена „GoFoundMe“ кампања за борба против овој вид на болест. Во нешто повеќе од четири месеци собрале 43.565 долари, од 50.000 кои им се цел.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.