Шакира се пресели во нов дом, тука ќе живее со своите синови.
Разводот од Жерар Пике на Шакира и падна многу тешко, а се чини дека пејачката се уште прилично лошо се справува со разделбата од познатиот фудбалер. Како што прават многу уметници, Шакира ја канализираше својата болка во песни, но се чини дека тоа не беше доволно за целосно да се опорави.
Бидејќи има многу спомени од Шпанија, Шакира одлучи да ја напушти оваа земја и ги спакува куферите со синовите Милан и Саша отпатувала во Мајами каде ќе започне ново животно поглавје.
Латино ѕвездата објави фотографија од аеродром и се заблагодари за поддршката што ја доби во претходниот период, а нејзините трогателни зборови допреа многумина.
„Се населив во Барселона со цел да им овозможам на моите деца стабилност, истата стабилност што ја бараме во друг агол на светот покрај семејството, пријателите и морето. Денес започнуваме ново поглавје во потрагата по нивната среќа“, напиша Шакира, а потоа додаде:
„Благодарам на сите што сурфаа со мене толку многу бранови во Барселона, градот во кој научив дека пријателството е недвосмислено подолго од љубовта. Им благодарам на сите кои ме охрабрија, ми ги бришеа солзите, ме инспирираа и ме охрабрија да пораснам. Благодарност до мојата шпанска публика која секогаш ме покриваше со својата љубов и лојалност. Се гледаме повторно и како што толку пати има кажано татко ми, се гледаме околу кривините.
Пронајдете не на следниве мрежи: