Гвинет Ли од Лондон има 51 година, а десет години патува низ светот во потрага по туѓи сопрузи. Нејзината идеја е да ги исполни сексуалните фантазии на оженетите мажи.
Гвинет Ли вели дека, како љубовница , има благородна идеја бидејќи ги спасува туѓите бракови, давајќи им на сопрузите она што им недостига.
Се започнало кога пред десет години решила да се приклучи на сајт за љубовни врски, додека сè уште била во брак со нејзиниот покоен сопруг Роберт. Имено, како што вели, го сакала својот сопруг, но знаела дека ја изневерува:
– Открив дека се гледа со жени преку таа страница и си помислив „ако не можеш да го победиш, придружи му се“ – рекла Гвинет.
View this post on Instagram A post shared by Gweneth Lee (@gweneth_jsm)
– Знаев дека никогаш нема да можам да ја зауздам неговата потреба за други жени, а знаев и дека нема да има ништо против да го направам истото. Беше доволно зрел да знае дека би било лицемерно од негова страна да приговара – вели Гвинет.
И додава дека отсекогаш го сакала сексот со нов партнер и возбудата за откривање нови работи во кревет.
– И двајцата имавме афери со различни луѓе пред тој за жал да умре од рак пред повеќе од десет години. Ми беше скршено срце кога тој почина, но откако ја пребродив мојата тага, решив повторно да почнам да излегувам. Не сакав нов сопруг, само забава. Сајт за љубовни врски ми одговараше затоа што сите мажи се оптоварени и опседнати со секс, исто како мене. Само што продолжив да ја користам страницата иако веќе не бев во брак и многу се забавував во последните десет години – изјавила Гвинет.
View this post on Instagram A post shared by Gweneth Lee (@gweneth_jsm)
Ги задоволува на „службени“ патувања
Гвинет рече дека има богати, оженети мажи со кои се поврзува низ целиот свет. Тие патуваат од Велика Британија на егзотични локации, а таа го има најубавиот секс со нив.
– Повеќето од овие патувања се маскирани како службени патувања, а нивните сопруги не знаат дека и јас одам со нив – објаснила Гвинет.
– Се гледав со неверојатно богат банкар кој има клиенти во сите европски модни метрополи – Рим, Амстердам, Париз, Лондон. Тој беше на бизнис во Бордо со голем трговец со вино и инсистираше да му се придружам во Кап Фере, кој е на брегот на Атлантикот и каде што одат многу од најбогатите луѓе во Франција во текот на летото. Беше апсолутно неверојатно. Имаше прекрасна куќа на плажа со персонал кој го задоволуваше секој наш каприц. Тој е ненаситен и гледа многу девојки од страницата. Тој е оженет и ја сака својата сопруга, но таа не може сексуално да го следи. Навистина има девојка во секое пристаниште! – опиша Гвинет еден од нејзините љубовници.
View this post on Instagram A post shared by Gweneth Lee (@gweneth_jsm)
Гвинет исто така кажа дека излегувала со различни мажи. Таа излегувала со оние кои уживаат во садо-мазо игрите, како и со оние кои се непривлечни во кревет и се возбудуваат само од секс со повеќе партнери.
– Луѓето ме обвинуваат дека немам морал и дека сум „уништувач на бракови“. Всушност е сосема спротивното. Јас сум спасителот на бракот. Ако сите мои љубовници требаше да останат верни на своите сопруги до крајот на животот, сите ќе беа разведени. Нивните бракови функционираат затоа што им се дава одредена слобода и знаат дека со излегувањето со мене нема да има проблеми. Нема да им се јавувам на нивните сопруги и да правам проблеми. Живеам луксузно, уживам во сексот и ништо друго не ми треба – заклучила Гвинет.
View this post on Instagram A post shared by Gweneth Lee (@gweneth_jsm)
Пронајдете не на следниве мрежи: