Ја освои публиката со прекрасното пеење и слаткото лице: Љуба порасна и тешко ќе го препознаете, фризурата му е вистински ХИТ

Љуба Станковиќ беше победник на најпопуларниот детски музички натпревар „Пинкови ѕвездички“, каде со својот глас го освои целиот регион. Пееше како ангел на само шест години и веднаш стана главна атракција.

Поради неговиот глас членовите на жирито често плачеа, а на неговите интерпретации не останаа имуни ниту Гоца Тржан и Јелена Томашевиќ.
Љуба сега се појави во емсијата „Амиџи шоу“ и ги изненади сите, бидејќи многу порасна и се промени, па повторно ги воодушеви сите со својот изглед.

Детето носеше одело и машна, а многумина ја забележаа неговата ХИТ фризура.
Инаку, Станковиќ се уште се занимава со музика, пее и настапува во странство, а беше објавено и дека добил улога во индиска реклама.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.