Не така одамна дојдоа сигнали дека една амбасада гледа можен наследник на Мицковски во градоначалникот на Кавадарци (единствената урбана општина која што Мицковски ја освои во својство на секретар на партијата по милост на Груевски), а веќе се најавува судир за престолот. Може ќе ви зазвучи грубо, но се чини каде што има дим ќе има и оган.
Имено Јанчев не крие дека има амбиции да напредува. После првата политичка позиција како потпретседател на ВМРО, до која дојде со метеорска брзина, нема зошто да не се види и во фотељата на Мицковски. Упатените знаат дека пред некој ден му беше поставен координатор со небулозна одлука за да го координира. Имено Мицковски го назначи Мисајловски да го координира Јанчев иако и двајцата имаат потпретседателски позиции и би требало да имаат ист статус во партијата. Тоа се чини беше знак дека доаѓа време да го дисциплинираат.
Јанчев возврати. Си го викна Заев во Кавадарци како да се од иста партија. Тоа мора да ги изнервирало мицковски и посебно сајтовите кои им служат за пропаганда. Па така денеска прописно го исплескаа и му ја истопорија сликата со Заев во текст. Поради тоа цел ден се вжештени телефоните и по кулоарите за зборува за почеток на пресметка. Јанчев на своја страна го има Васко Ефтов и тоа е значајна помош. Само ќе видиме дали ќе го искористи џокерот во наредните денови.
И така додека во „Белата палата“ се занимаваат со дворски игри Македонија е пред крстопат и можно исчезнување од политичката мапа на светот… Очигледно одлична беше одлуката да се начукаат неискусни дечиња во ДПМНЕ и да се истават да се играат додека вистинските прашања се решаваат на друго место.