Српската пејачка Јелена Карлеуша на средина од минатата година објави дека по 14 години брак со фудбалерот Душко Тошиќ решила да стави крај и да се разведе од фудбалерот.
Иако според Тошиќ тоа нема да се случи, а според пејачката тоа е веќе завршена работа, мислење даде и Јована Јеремиќ.
Според спрската водителка разводот на Јелена и Душко е неминовен, како и тоа дека Карлеуша ќе стане мајка по трет пат.
Имено, контраверзната водителка на телевизија „Пинк“, Јована Јеремиќ, на сите им е добро позната по своите настапи во медиумите, како и тоа дека го кажува своето мислење на различни теми. Овој пат како што во видеото може да се слушне, Јеремиќ го послушала своето седмо сетило и на темата за поп дивата, коментираше за нејзината брачна состојба, како и за можноста таа да остане бремена по трет пат.
– Јас Душко често го гледам по ресторани, бидејќи ручаме во исти ресторани. Тој таму руча со своите ќерки. Се поздравувам со Душко и со неговите ќерки кога ќе ги видам. Душко е господин, секогаш се поздравува, тој е приземен човек. Тоа меѓу него и Карлеуша мора да го решат на убав начин. Ако истекол рокот на нивниот брак нека се разделат како луѓе и да останат пријатели, рече Јована, предвидувајќи дека популарниот пар ќе се разведе, како и дека популарната пејачка повторно ќе се омажи за моќен Американец, но и дека Јелена ќе стане мајка по трет пат.
-Јас мислам, односно имам интуиција дека Јелена Карлеуша ќе најде трет маж и тој ќе биде странец од американското поднебје. Тој ќе биде странец и сериозно моќен на светско ниво. Можеби ќе му роди дете. Јас тоа го прогнозирам за Јелена, јас едноставно ја гледам со некој трет човек кој не е од оваа земја. Можеби грешам, но јас така ја гледам Карлеуша во иднина, истакна водителката.