Српската пејачка Јелена Карлеуша на Инстаграм откри дека планира да се кандидира за претседател на соседна Србија.Имено, фолкерката изјави дека ова планира да го направи по завршувањето на мандатот на Вучиќ, а додаде дека смета дека тој треба да биде доживотен претседател.И ќе победам“, изјавила Карлеуша со објавата. View this post on Instagram A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)Оваа порака на Карлеуша уследи по уште еден излив на навреди кон Северина, која објави нова песна посветена на студентите во Србија кои протестираат за трагедијата во Нови Сад, каде што се блокирани речиси 50 факултети низ државата.Да потсетиме, Карлеуша во последно време е најгласниот бот на Вучиќ, а за да го „одбрани“ актуелниот претседател на Србија од секакви критики, не се воздржуваше да ги навреди колегите, другите политичари или некој кој искажува негативен став кон Вучиќ.Токму Северина беше најчесто мета на нејзини критики и навреди, а по изјавите на пејачката во студиото Кликс побара доживотна забрана за влез во Србија.Покрај музичката кариера, Карлеуша е позната и по тоа што ги искажува своите ставови за теми од различни сфери, без разлика колку е компетентна да зборува за нив. Интересно е што претходно пејачката беше најголемиот критичар на Вучиќ.Пораките „срам да ви е“ до „Вучиќ да биде доживотен претседател“ стигнаа за неколку години, а српскиот политичар Ѓорѓе Станковиќ тврдеше дека добива огромни суми пари за да го поддржи Вучиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи: