Видео кое целосно го отсликува шампионскиот менталитет на Новак.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го освои рекордниот 7. трофеј на Завршниот турнир, а историското достигнување го прослави со своите најблиски.
- Висока загаденост на воздухот во Македонија: Во Кичево девет пати над дозволеното
- Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради
- Македонски автобус се излизга на автопатот Ниш-Белград кај Појате, нема повредени
- Путин потпиша закон : Забранета е јавна пропаганда на идеологијата на животот без деца
- Американски инвеститор размислува да го преземе „Северен тек 2“
Стефан и Тара му одлетаа во прегратка по победата над Јаник Синер , но неговата сопруга Јелена не можеше да го придружува на финалето на турнирот во Торино.
Секако, таа секојдневно му испраќаше поддршка и позитивна енергија, а веднаш по натпреварот објави моќна порака.
Таа објави видео во кое Новак зборува за своите цели и достигнувања.
– Не знам што е реално и не знам која е границата. Не ги знам границите и затоа верувам дека некако успеав да ги достигнам највисоките врвови и достигнувања во историјата на тенисот. Исклучително сум мотивиран да продолжам – изјави еднаш Ѓоковиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.