Јовица Страшевски отворено до Мицковски – дали со Заев се договорени „независните“ кандидати?

Loading...

Јовица Страшевски отворено до Мицковски – дали со Заев се договорени „независните“ кандидати?

Соопштение за јавноста 21.09.2021

Повод и мотив за ова мое соопштение до јавноста е вчерашниот ТВ дуел  во емисијата Само Вистина на Канал 5, во која гости  беа другарчињата Мицкоски и Заев.

Заев, шефот на Мицкоски, во емисијата кажа дека штабовите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се во координација поради агендите и поради се, а  сето тоа да го знае јавноста, на која изјава Мицкоски беше само нем глув послушник.

МИЦКОСКИ ДА НЕ БЕГА ОД ОДГОВОРНОСТ И ВИСТИНАТА! ВЕДНАШ ИТНО ДА ДАДЕ ОДГОВОРИ НА НЕКОЛКУ ПРАШАЊА БИДЕЈЌИ ИМА МОРАЛНА ОБВРСКА ПРЕД ЈАВНОСТА, ЧЛЕНСТВОТО КАКО И ПРЕД СИМПАТИЗЕРИТЕ И ПОДРЖУВАЧИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ.

МИЦКОСКИ ДА ДАДЕ ОДГОВОР НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

Во каква кординација се штабовите на СДСМ И ВМРО ДПМНЕ?

Кои заеднички агенди ги имаат штабовите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ?

Што се друго договараат?

Дали Заев шефот на Мицкоски, преку кординации на партиските штабови ги договорил    “независните кандидати” за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ, како и многуте кандидати поставени на добитни места на листите на ВМРО ДПМНЕ, кои се ставени на листите а никогаш и не биле ВМРО ДПМНЕ.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...