Јордан го затвора воздушниот простор за сите авиони

Јордан привремено го затвора својот воздушен простор за сите авиони кои пристигнуваат, заминуваат и транзитираат, според јорданската државна новинска агенција Ал-Мамлак.
Затворањето на воздушниот простор на Јордан почнува вечерва, а не се знае колку долго ќе важи ова правило, пишува The Times of Israel.

Израелскиот Канал 12 објави дека два лета на емиратската авиокомпанија „Флај Дубаи“ се вратиле во Обединетите Арапски Емирати по полетувањето за Израел, наводно поради загриженост за иранската закана или одлуката на Јордан да го затвори својот воздушен простор.

Пронајдете не на следниве мрежи: