Јуве на српски погон ја разнесе Салернитана, Влаховиќ даде голови по 115 дена пауза (ВИДЕО)

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус на срспки погон со два гола на Душан Влаховиќ, негови први после 115 дена пауза и еден на Филип Костиќ ја здроби Салернитана на гостувањето со 3-0 за да ја прекине серијата од три меча без победа (два порази) во последниот меч од 21-то коло во Серија А.

„Старата дама“ која загуби 15 бода од тековната сезона поради трансфер-малверзации и фиктивен буџет првпат победи по пауза од еден месец и триумфот на 7 јануари против Удинезе со 1-0, а блескаа српските репрезентативци. Влаховиќ ја најави победата со голот од пенал во 26-та минута, па до полувреме му асистираше на Костиќ да ја дуплира предноста во 45-та минута. Две минути во вториот дел, Влаховиќ го даде својот втор гол, а трет за Јувентус за да стави печат на победата.

Пронајдете не на следниве мрежи: