Тренерот на Манчестер Јунјатед, Ерик Тен Хаг, денеска потврди дека на негово барање управата на клубот ги продолжила договорите со четворица првотимци.
Станува збор за Маркус Рашфорд, Фред, Лук Шо и Диого Далу, на кои обврските им завршуваа на крајот од сегашната сезона. „Ѓаволите“ всушност ја активираа клаузулата во секој од договорите за автоматско продолжување на соработката на уште една година.
„Можам да потврдам дека договорите се продолжени. Среќни сме поради момците, бидејчи екипата се движи во посакуваниот правец, а тие што потпишаа се меѓу најзаслужните за такво нешто“, изјави Тен Хаг.