Романсата дефинитивно знае често да предизвикува анксиозност. Но, понекогаш и сосема вообичаена „љубовна“ ситуација кај некои личности може да биде причина за огромен и неочекуван страв. Започнувајќи од стравот да се биде сам, па сè до ужаснувањето од чоколади, следуваат најчудните фобии поврзани со љубовта.
- И покрај тоа што фобијата од обврски е измислена, сепак се верува дека личностите кои се плашат да бидат во врска имаат аморафобија – страв од љубов.
- Личностите со метрофобија имаат страв од поезија. Па, ако вашиот партнер ја има оваа фобија не очекувајте романтични и страстни стихови како изненадување за Денот за вљубените.
- Кутија во форма на срце која е полна со чоколади може да биде повеќе застрашувачка отколку романтична за оние кои имаа ксоколатофобија- страв од чоколадо.
- Еве една фобија која често се сретнува кај срамежливите луѓе. Еритрофобија или страв од црвенеење предизвикува огромна засраменост и повлекување во себе и поради тоа тие кои ја имаат ги избегнуваат своите симпатии.
- Секој кој бил „жртва“ на лош бакнувач може одлично да ги разбере оние кои имаат филематофобија – страв од бакнување.
- Испраќањето црвена честитка во форма на срце на некој кој има кардиофобија т.е. страв од срце, дефинитивно може да биде многу злобен избор за Денот на вљубените.
- Што може да биде страшно во еден букет со цвеќиња? Оние кои имаат антрофобија или страв од цвеќиња, само една ружа може да им предизвика силни чувства на анксиозност – дури и ако нема трнови.
- Личностите со хафефобија или афенфосмофобија мора се многу осамени, бидејќи поради нивните фобии тие не дозволуваат на никој да ја допре нивната кожа.
- Главоболките кои се предизвикани од премногу силни, хемиски миризби и изгорениците од топол восок може многу добро да објаснат зашто некој страда од кериофобија – страв од свеќи.
- Личностите кои имаат ануптафобија се чувствуваат анксиозно дури и при самата помисла дека би можеле да останат сами до крајот на нивниот живот.
- / 12. Овие две фобии одат „рака под рака“. Орнитофобија, стравот од птици и апипфобија, стравот од пчели можат многу да ви отежнат ако сакате да го однесете вашиот партнер на пикник.