„Њујорк Пост“: Обама не верува дека Камала Харис може да го победи Трамп

Поранешниот претседател на САД Барак Обама не ја поддржа претседателската кандидатура на потпретседателката Камала Харис, бидејќи тој смета дека таа не може да го победи републиканскиот кандидат Доналд Трамп, пишува американски „Њујорк Пост“.

Имено како што наведува медиумот ова се темели врз основа на изјава на извор близок до семејството на американскиот претседател Џо Бајден.

„Обама е многу вознемирен затоа што знае дека таа Камала Харис не може да победи. Знае дека е едноставно неспособна. Таа не може да управува со нагазните мини што се пред неа – вели изворот за американскиот медиум.

Изворот не полага големи надежи за телевизиска дебата меѓу Трамп и Харис. По повлекувањето на Бајден од трката за уште еден мандат во Белата куќа, Обама сакаше сенаторот од Аризона и поранешен астронаут Марк Кели да биде кандидат на Демократската национална конвенција во август.

Поранешниот гувернер на Илиноис, Род Благолјевиќ, кој сега е поддржувач на Трамп, вчера за „Волстрит журнал“ на истава тема изјави дека Обама бил клучен во исфрлањето на Бајден од претседателската трка.

„Оставката на Бајден не можеше да се случи без Обама, изјавил Благојевиќ.

Како што беше наведено, Обама во 2016 година го убедувал Бајден да не се кандидира за претседател се со цел за да и дозволи на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да стане претседател.

Во меѓу време се очекува Харис во август и официјално да биде прогласена за претседателски кандидат на Демократската партија, а досега поддршка и дадоа Бајден, поранешниот претседател Бил Клинтон и Хилари Клинтон, како и поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

Пронајдете не на следниве мрежи: