Проќелавите мажи имаат повеќе изгледи за развој на срцевите болести од оние коишто можат да се пофалат со бујна коса, покажува истражувањето на јапонските научници објавено во дневниот весник BMJ Open.Студијата била спроведена на речиси 37 илјади испитаници покажуваат дека ќелавите мажи 32 отсто имаат повеќе изгледи да заболат од коронарни болести на срцето.Меѓутоа, мажите можат да утешат дека тој ризик е помал отколку оној што го носи пушењето или дебелината. Оттаму, британската фондација за болести на срцето ги предупредува мажите дека повеќе треба да се погрижат за сантиметрите околу појасот отколку за должината и густината на влакната на главата.Според статистиката, половината мажи во 50-те години од животот имаат проретчена коса, а 80 отсто се барем делумно се ќелави до 70 години од животот.Јапонските научници со студијата востановиле некоја поврзаност меѓу ќелавости и коронарните болести на срцето. „Воочивме значителна поврзаност меѓу ќелавоста, барем на темето и опасноста од развојот на коронарна болест на срцето“, изјавил др. Томохиде Јамада со Универзитетот во Токио. Додава дека „поврзаноста не е толку силна како што е силната поврзаност со пушењето, вишокот килограми, нивото на холестерол и крвниот притисок“.Заклучокот е дека младите мажи кои почнуваат да ќелават на темето, би требало да го земат предвид во подобрувањето на својот начин на живот за да го одржат здраво своето срце.За објаснување на поврзаноста на ќелавости и срцевите болести би требало да се спроведат нови студии, а еден од моментите од кои треба да се тргне во истражувањето укажува на зголемената чувствителност на машките хормони и воспалението на крвните садови делуваат и на срцето и на косата.
МакфаксПроќелавите мажи имаат повеќе изгледи за развој на срцевите болести од оние коишто можат да се пофалат со бујна коса,