Ќерката е најубавиот подарок кој некогаш ќе го добиете

Во моментот кога се роди мојата ќерка, знаев дека баш во тој момент мојот живот се менува на подобро. Мојата ќерка се роди пред девет години. Неколку часа откако се роди, мојот сопруг спиеше додека јас во раце го држев моето прво дете, моето девојче…
Тоа беше првпат да бидеме сами. Не плачеше и не се лутеше. Ние само тивко се проучувавме една со друга на пригушеното болничко светло и навистина веднаш знаев дека мојот живот е променет на подобро.
И кога ќе размислам подобро, ова се 10-те најголеми причини поради кои мојата ќерка е најубавиот подарок кој некогаш сум го добила:
Нејзината убавина ми го одзема здивот.
За мене не постои поубаво дете. Нејзиното сочувствително срце, авантуристички дух и топлите сини очи секојдневно ме потсетуваат дека постои добрина и убавина на овој свет.
Таа е мојата најдобра пријателка.


Постојано се смееме кога сладоледот ќе ни се растопи по цели раце. Постојано си ги споделуваме нашите дневни згоди и незгоди додека се подготвуваме да спиеме. Се сакаме безусловно, си се извинуваме една на друга кога ќе претераме, се поврзуваме и комуницираме. Го цениме времето кое го минуваме заедно.
Таа ќе се грижи за мене кога ќе остарам.
Таа ќе ми помогне да се измијам кога моите треперливи раце ќе го истурат сокот кој го пијам. Таа ќе ме носи на лекар. Таа ќе се грижи за мене кога повеќе нема да можам да се грижам за себе. Знам дека секогаш ќе можам да се потпрам на неа.
Јас сум нејзин пример.
Таа сѐ уште е малечка, па сѐ уште верува дека јас ги имам ставено ѕвездите на небото.
Таа верува во моите зборови само затоа што се мои.
Таа секогаш е на моја страна кога целиот свет е против мене. Таа верува во мене и се надевам дека секогаш ќе верува во мене.


Нејзината насмевка го разубавува и најлошиот ден.
Без оглед на тоа што се случило, насмевката на мојата ќерка може повторно да го разубави денот. Нејзината насмевка е моќна, волшебна и лековита.
Ние имаме нераскинлива врска.
Знам дека наскоро ќе дојдат нејзините тинејџерски години. Знам дека нема секогаш да се сложуваме и дека ќе се расправаме, но врската меѓу нас никогаш нема да се прекине.
Таа е моја ќерка и горда сум што можам да ја наречам така.
Често се фалам со својата ќерка и никогаш нема да се извинам поради тоа. Сакам целиот свет да знае дека ова убаво, љубезно, сочувствително, паметно и талентирано дете е мое. Таа е мојата најголема гордост во животот.
Таа е микс од најдобрите работи од мене и нејзиниот татко.
Сѐ што сакам кај нејзиниот татко, го сакам и кај неа. Мојата сила е видлива кај неа. Таа е микс од нас двајца, ама микс од најдобрите работи.
Таа засекогаш ќе биде моја ќерка.
Овој скапоцен извор на радост засекогаш ќе биде мој. Таа е мојата ќерка, мојата светлина, мојот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.