Ќерката на албанскиот министер загина во Македонија: „Ова е најтешката порака што сум ја напишал“

Ева Таво (24), ќерката на поранешниот министер за здравство на Албанија, Вангело Таво, загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера во Македонија.

Ева загинала кога возилото во кое била сопатничка излетало од патот.

Трагичната врска ја потврди Таво на социјалните мрежи.

Висока загаденост на воздухот во Македонија: Во Кичево девет пати над дозволеното
Загаденоста на воздухот вечерва во Македонија е на високо ниво, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk Дозволени според закон во Македонија се 50 микрограми на метар …
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави денеска агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на …

„Ова се најтешките зборови што ги напишав во животот. Мојата најстара ќерка Ева почина во цутот на младоста, во најубавите години, токму таква каква што беше. Погребот ќе се одржи во четврток на 30 ноември во 11 часот во Јоргукат“, напиша поранешниот министер.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на Македонија, несреќата се случила во близина на селото Ласкарци, на патот Тетово-Скопје.

„На 28 ноември околу 14,00 часот било пријавено дека на автопатот Мајка Тереза, на потегот Тетово – Скопје, возило „ауди“ со албански регистарски ознаки, управувано од државјанин на Албанија, В.М.(40), излетало од пат. Во возилото била Е.Т.(24), државјанка на Албанија, која од повредите починала на лице место. Лекарите констатирале смрт. Со тешки телесни повреди се здобила В.М.“, се вели во полициското соопштение.

Засега не е утврдено како и зошто возилото се превртело.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.