Ќе ви се заврти во умот од погледот: Балашевиќ се поднови со луксузна вила вредна милиони, а еден детаљ ретко кој го има дома

Новосадскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ купил вила во Истра за која искеширал 400 илјади евра. Како што пишуваат хрватските медиуми, кантавторот ја пазарил вилата преку фирма каде што директор е токму неговата ќерка.
Недалеку од Умаг, се наоѓа местото Бртонигла, каде што Балашевиќ неодамна уживаше во еден ресторан, а иако селаните знаат дека купил куќа, не сакале да разговараат за тоа. Велат дека не ги интересира затоа што сите кои што купуваат вили доаѓаат само за викенди.


Околу вилата на Ѓорѓе има уште осум идентични кои што се во сопственост на богати бизнисмени, а секоја има околу 200 квадрати, како и голем двор во кој што се наоѓа базен. Освен тоа има и гаража за два автомобили, голема дневна соба, четири спални соби со посебна бања, кујна, но и сауна и џакузи.
Во близина на вилата се наоѓа и парк, а морето е на шест километри.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.