Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми последниот меч за националниот тим го одигра минатата година против Португалија во финалето на баражот за пласман на Светското првенство (СП) во Катар, а во интервју за „Германијак“ открива дека сè уште не мисли да замине во репрезентативна пензија.
Адеми откри дека ќе игра за Македонија и понатаму, односно ќе остане на располагање на новиот циклус за Еуро 2024.
„Решив да продолжам да играм за Македонија. Сакам, можам и ќе играм. Зборував и со селекторот, кој ме сака во националниот тим. Тешко ми е сега да се збогувам, зашто таму има одлични фудбалери кои играме за својата земја и се пласиравме на претходното Европско првенство (ЕП), а сакаме да го направиме тоа повторно“, кажа Адеми.