Ќе покапат или ќе поевтинат горивата?

Регулаторната Комисија за енергетика секој понеделник врши прoмена на цените на горивата. И денес цената ќе биде променета, па дали таа ќе биде пониска или повисока останува да видиме. Минатиот понеделник цената на горивата во Македонија беше зголемена. Според најновата одлука на РКЕ Дизелот и ЕУРОСУПЕР БС 98 веќе се поскапи за половина денар и се точат за 60.5 денари дизелот и 69,5 денари за 98 октанскиот СУПЕР. Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 е 67 денари по литар.
Регулаторна ги пресметува цените според новата методологија за формирање на малопродажните цени, а главни критериуми се курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта на светските берзи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.