Ќе почнеле разговори со релевантни земји за територијалниот интегритет – Зеленски најави мировен план до ноември

До крајот на ноември, Украина ќе изработи акциски план за мир, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во интервју за јапонскиот ТВ канал НХК Ворлд.

Според него, Киев ќе започне „детални разговори со релевантни земји за прашањата за територијалниот интегритет“.

Покрај тоа, Зеленски нагласи оти не може на повиците за прекин на огнот додека Русија продолжува да ја окупира украинската територија.

„За завршување на војната се потребни трпение, поддршка и дипломатски притисок. Тоа се трите фактори за праведен крај на војната“, порача украинскиот претседател.

Пронајдете не на следниве мрежи: