Ќе се преиспитува договорот со фирмата што подготвува храна за Воената академија

Во врска со пријавите за стомачни тегоби на лица од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово, пријавени на 12-ти септември, а поврзани со организираната исхрана на припадниците во Армијата и Министерството за одбрана информира дека во министерството е формирана Комисија која има за цел преиспитување на сите неправилности и недостатоци од Договорот.

„Комисијата е во состав на одговорни лица од сите сектори и секции од Министерството и Генералштабот на Армијата и доколку се утврдат неправилности или недостатоци во однос на реализација на склучениот договор од страна на фирмата, министерството ќе преземе мерки за раскинување на Договорот“, пишува во соопштението од министерството.

Пронајдете не на следниве мрежи: