ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ БЕСНА КАКО РИС: ПРОТЕЧЕ ВИДЕО ОД НЕА СО БЕН АФЛЕК! ТВРДИ ДЕКА Е УКРАДЕНО И ПРОДАДЕНО ОД ГОСТИН НА НЕЈЗИНАТА СВАДБА!

Џенифер Лопез сака фановите да престанат да објавуваат видео од нејзината серенација на Бен Афлек на нивната свадба во Џорџија.

ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ БЕСНА КАКО РИС: ПРОТЕЧЕ ВИДЕО ОД НЕА СО БЕН АФЛЕК! ТВРДИ ДЕКА Е УКРАДЕНО И ПРОДАДЕНО ОД ГОСТИН НА НЕЈЗИНАТА СВАДБА!

Лопез и Афлек се венчаа на 17 јули на интимна венчавка во Лас Вегас, а минатиот викенд направија многу поголема прослава на имотот на актерот. Во клипот, првично објавен од ТМЗ, Лопез се гледа како пее и танцува во еден од нејзините фустани на Ралф Лорен додека Афлек седи пред неа на стол. Звучеше како Лопез да пее нова, посебна песна со „Can’t Get Enough“.

Откако видеото се појави на светските таблоиди, Џенифер изјави дека видеото е „украдено“ и продадено на медиумите од страна на гостин на свадбата, бидејќи сите потпишале договор за необјавување, пишува Page Six.

“Ова е снимено без дозвола. И кој и да го направи тоа го искористи нашиот приватен момент. Не знам од каде го добивте тоа бидејќи имавме договор за необјавување и ги замоливме сите да не споделуваат ништо од нашата венчавка. Наш избор е дали ќе споделиме. Се што објавувам приватно е OnTheJLO и е за споделување со моите фанови, што ќе го направам кога ќе бидам подготвена. Ова е украдено без наша согласност и продадено за пари“, изјави Лопез, пренесува Index.hr

Да потсетиме дека Бен и Џенифер се запознале во 2001 година на снимањето на филмот „Џигли“. Следната година се верија, а по извесно време одложување на свадбата, се разделија во 2004 година. Афлек тогаш беше во брак со актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца, а Џенифер беше во брак со Марк Ентони, со кој има близнаци.

Џенифер и Афлек ја обновија својата романса минатата година, се венчаа во Лас Вегас пред еден месец, а неодамна организираа тридневна гламурозна свадбена прослава на која присуствуваа нивните најблиски пријатели и семејството.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.