Актерот Дени Рамирез ја потврди својата врска со Џесика Алба, објавувајќи серија фотографии на Инстаграм. 33-годишната ѕвезда од филнот „Captain America: Brave New World“, сподели неколку слатки селфиња со 44-годишната актерка во неделата навечер, направени на галата „Baby2Baby“ што се одржа претходната вечер.
Иако Дени и Џесика пристигнаа одделно на црвениот тепих на годишниот добротворен настан во саботата навечер, тие позираа заедно во просторијата, а фотографиите брзо се појавија на социјалните мрежи, потврдувајќи ги шпекулациите за нивната романса.
„Каква прекрасна вечер од целиот тим на @baby2baby и сите што донираа. Собрани се 19,5 милиони долари за неколку минути! Им помагаме на baby2baby да ги поддржат децата низ Америка и да продолжат со нивната витална работа за обезбедување основни потреби на семејствата во нужда. “, напиша Рамирез покрај објавата. Алба коментираше со емотикони во облик на срце.
Пронајдете не на следниве мрежи:


