Џеј Ло и Бен Афлек покажаа соодветни тетоважи посветени еден на друг

Џенифер Лопез и Бен Афлек го прославија својот прв Ден на вљубените како брачен пар, а по тој повод парот одлучил да се тетовира за да ја одбележи својата љубов.

Џеј Ло и Афлек се венчаа летоска, а синоќа го прославија првиот Ден на вљубените како брачен пар, кој решија симболично да го одбележат. Имено, парот решил да се тетовира, а актерката на својот Instagram профил споделила серија фотографии на кои се гледа како изгледаат нивните тетоважи.
„Посветеност. Среќен Денот на вљубените љубов моја“, напиша Џенифер на објавата со фотографии.

На првата снимка Џенифер ја покажа својата нова тетоважа со знакот за бесконечност со стрела што минува низ средината. Симболот – кој се наоѓа на нејзиното лево ребро – имаше напишано „Џенифер“ на едниот крај и „Бен“ на другиот.
И Бен имаше слична тетоважа со две стрели што се преклопуваат истетовирани под пазувите со латиничните букви „J“ и „B“ испишани меѓу стрелите.

Во истата објава, актерката сподели повеќе заеднички фотографии, а на две од десетте заеднички фотографии може да се види парот како ужива на јахта.
Џеј Ло на фотографиите се сети и на нивната врска во 2000-тите. Двојката започна да се забавува во 2002 година, а официјално се раздели во 2004 година. Во 2021 година го потврдија помирувањето, а минатото лето конечно се венчаа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.