Џони Деп конечно ги среди забите и покажа нова, светла насмевка

Минатата година Џони Деп ги загрижи фановите со својот изглед, а најголемо внимание привлекоа неговите заби кои изгледаа како да се целосно скапани.Актерот сега е снимен на одмор на Бахамите и изгледа целосно опуштено и расположено. View this post on Instagram A post shared by Rap Rap Zoilo (@killerbartender)Тој се ракуваше со обожавателите во кафуле, па дури и застана зад шанкот и му помогна на келнерот да си ја подготви пијачката.Деп на видеото се смееше неколку пати, а фановите во коментарите забележаа дека 61-годишниот актер си ги поправал забите.„Мислам дека неговите заби изгледаат подобро од било кога“, „Забите конечно се исправени и бели“, „Дефинитивно ги среди забите. Изгледа подобро од кога било“, беа коментарите.Потсетуваме, познатиот актер отсекогаш имал проблеми со оралната хигиена, што го потврдува и неговата изјава од 1995 година за магазинот Premie“Имам еден куп шуплини. Имав коренски канал пред осум години и не е направено. Тоа е како мало скршено парче. Горд сум на своите заби”, рекол тогаш Деп.Тој исто така објасни дека не сака луѓе со чисти бели заби. Тој изјавил дека и покрај лошите заби, не сакал да престане да пие црвено вино и да пуши цигари.

Пронајдете не на следниве мрежи: