Абазовиќ за Мартиновиќ: Убиецот се измешал со полицајците, не се разликувал од инспектор

Во масовното злосторство во Цетиње на 1 јануари 2025 година загинаа 12 лица, меѓу кои и две деца.

Оттогаш, бројни функционери на Црна Гора, но и на регионот, изразија сочувство, но и реагираа на информациите кои говореа за претходните дела на Аца Мартиновиќ и претходните пријави до полицијата за оружје.

Претседателот на Граѓанското движење на УРА, Дритан Абазовиќ изјави дека знае како е пронајден Ацо Мартиновиќ и дека во еден момент „се вмешал во група полицајци“, пишува Вијести.ме.

„Во еден момент не можеа да го идентификуваат, не можеа да го разликуваат од инспекторите кои дојдоа. Тој беше во темна јакна и сите се движеа во еден сличен простор. Тогаш двајца извонредни момци, двајца полицајци, забележаа дека сите тие колеги што се таму, тој човек не зборува со никого. При едно обраќање, тој почнал да бега и констатирале дека едноставно се вмешал во групата полицајци што биле повикани…“, рече Абазовиќ.

По трагедијата во Цетиње, Владата на Црна Гора прогласи тридневна жалост.

Пронајдете не на следниве мрежи: