Едилов најпрвин беше миленик на Кадиров, а во еден момент беше тренер и на неговите синови, по што врската наеднаш се залади.
Чеченските активисти објавија тажна вест. Имено, поранешниот УФЦ борец и боксер Абдул-Керим Едилов бил пронајден мртов, а имал само 30 години. Засега не се познати деталите за неговата смрт, ниту е познат точниот начин на кој починал.
Едилов е поранешен УФЦ борец, а во својата ММА кариера имаше 17 победи и четири порази. УФЦ го отпушти поради поврзаноста со чеченскиот диктатор, а последниот ММА меч му беше против Бојан Михајловиќ во 2017 година.
Инаку, Едилов најпрвин беше голем миленик на Рамзан Кадиров. Во еден момент дури им беше тренер на синовите, но од непозната причина нивната врска пропадна и Едилов остана без се. Иако никој директно не го обвинува Кадиров, многумина инсинуираат дека токму тој има врска со ненадејната смрт на 30-годишниот Едилов.
Како причина за напуштање на УФЦ често се наведуваше дека често се повредувал, но многу извори велат дека токму Кадиров го принудил на тоа. Информациите за овој немил настан буквално доаѓаат „капка по капка“, но Карим Зидан е реномиран новинар кој е најдобро информиран за ликот и делото на Рамзан Кадиров.
Токму Зидан изјави дека односите меѓу Едилов и Кадиров се влошиле и дека тоа е можната причина за овој настан. Во оваа позиција е тешко да се тврди нешто, сите медиуми можат да ги пренесат само информациите што ги добиваат од релевантни извори.
Се надеваме дека повеќе информации за ова ќе дојдат во наредните денови, а доколку нешто од нив се потврди, дефинитивно ќе ги пренесеме.