Легендарната Џоан Колинс (90) раскажа како Холивуд многу се променил и како секој филм има порака, која и’ пречи. Во нејзините мемоари „Behind the Shoulder Pads“, таа откри како се борела со сексуално малтрерирање во повеќе наврати, а за тоа била предупредена од Мерлин Монро. Таа го издвои Дерил Зенука, кој во тоа време беше потпретседател за продукција на 20th Century Fox. Таа опиша како изгледал неговиот „напад“.
,,Издишувај го чадот од пурата кон мене” а потоа додаде: Никогаш немаше никого додека не ме најде, душо. Јас сум најдобар и можам да го правам тоа цела ноќ.”
,,Бев толку шокирана, па само трчав назад кон сетот“, изјави актерката.
- Јованка Броз беше погребана со Тито, а сите зборуваа за два детали: Ја придружуваа на звукот на посебна песна, а на ковчегот беше ставено нешто што таа го обожаваше (фото)
- Apple подготвува изненадување за сите кои чекаат поевтин iPhone: Во продажба треба да се појави нов модел, а еве колку ќе чини (фото)
- ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ ЛОС АНЏЕЛЕС! Пожарникарите на нозе, страшен чад не престанува да извива! (ВИДЕО)
- Најден хероин при преглед на возило на патарина
- Колку чинат куќите во Германија? Локацијата не е секогаш одлучувачки фактор
- Кучиња скитници напаѓаат низ Скопје на студеното време
- Хороскопски знаци кои имаат најголеми шанси да се збогатат
- За 12 дена убил тројца мажи: Сега е уапсен, а жртвите имаат само една заедничка работа
- Поранешниот шеф на НАТО Столтенберг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп
Кога имала 26 години, забременила со тогашниот вереник Ворен Бити. Таа му кажала дека е бремена, а тој збунето ја прашал: „Како се случило тоа?“.
Таа абортирала иако тоа било нелегално. Не сакала да оди во некоја скриена клиника бидејќи се плашела дека нешто лошо ќе и’ се случи, па Бити ја придружувал кај поранешен хирург во Њу Џерси.
Утрото кога ја имала закажаната процедура сакала да се откаже, но вереникот и’ рекол дека не може.
„Душо, не можеме. Не можеме да го направиме тоа… Дете сега би ни ги уништило кариерите на двајцата. Знаеш дека би сакала да го родам, но…“, откри таа за Њујорк пост детали од разговорот со вереникот.
Таа додаде дека 1960-тите биле мрачно време за жените и девојчињата.
Со вториот сопруг, актерот Антони Њули, таа имаше две деца Тара и Саша, а со третиот сопруг Рон Кас ја има ќерката Кети.
,,Да имав дете во 20-тите години, немаше да имам кариера“, заклучила актерката која и на 91 година ја фалат за витката фигура.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.