Авганистанските безбедносни сили нема повеќе да смеат да ги повикуваат воздухопловите на НАТО во помош во текот на своите операции, изјави претседателот Хамид Карзаи во саботата во престолнината Кабул.„Утре ќе издадам указ со кој под никакви околности не им се дозволува на авганистанските сили барање поддршка од воздух и напади врз авганистанските домови или села во текот на воените операции“, изјави авганистанскиот претседател Хамид Карзаи пред околу илјада офицери и кадети од воената академија во КабулОваа најава на Карзаи доаѓа откако во средата во источната провинција Кунар, авиони на НАТО повикани за поддршка на комбинирани авганистански и американските сили на теренот погодија две куќи при што беа убиени десет цивили, од кои пет деца и четири жени, а беа убиени и четворица талибани за кои се смета дека се воени команданти.Претседателот Карзаи во саботата рекол и дека според нему достапните податоци, овој напад го побарале припадниците на авганистанските разузнавачки служби.„Доколку тоа е точно, тогаш станува збор за срамен случај кој заслужува сожалување. Како можеле да побараат помош од странците да испратат авиони и да ги бомбардираат нашите домови“, рекол Карзаи.Претходно минатата седмица, авганистанската влада ги потврди податоците содржани во извештајот на Обединетите нации за стотици смртни случаи на авганистански деца, кој во меѓувреме командата на ИСАФ го негираше, како последица од акциите на американските копнени трупи и американската воздухопловни сили во Исламската Република.Извештајот кој го опфаќа периодот од 2008 заклучно до 2012 година, минатиот четврток беше објавен во седиштето во Женева на Комитетот на ОН за правата на децата. Во него се вели дека „загинувањата (на децата) било можно исклучително поради недостиг од безбедносни мерки на претпазливост и неселективна употреба на сила”. Организацијата ја изрази својата сериозна загриженост поради „смртта на стотици деца како резултат на напади и бомбардирања на американските воздухопловни сили во времето на периодот опфатен со извештајот”. Во извештајот се истакнува и дека американските војници, од чии оружја гинат децата, честопати не понесуваат одговорност за тоа.
MakфаксАвганистанските безбедносни сили нема повеќе да смеат да ги повикуваат воздухопловите на НАТО во помош во текот на сво