Авганистан го потврдија извештајот за загинувањето на деца во акции на силите на САД

Авганистанската влада ги потврди податоците содржани во извештајот на Обединетите нации за стотици смртни случаи на авганистански деца како последица од акциите на американските копнени трупи и американската воздухопловни сили во Исламската Република.

 
Извештајот кој го опфаќа периодот од 2008 заклучно до 2012 година, во четвртокот беше објавен во седиштето во Женева на Комитетот на ОН за правата на децата. Во него се вели дека „загинувањата (на децата) било можно исклучително поради недостиг од безбедносни мерки на претпазливост и неселективна употреба на сила”. Организацијата ја изрази својата сериозна загриженост поради „смртта на стотици деца како резултат на напади и бомбардирања на американските воздухопловни сили во времето на периодот опфатен со извештајот”. Во извештајот се истакнува и дека американските војници, од чии оружја гинат децата, честопати не сносат одговорност за тоа.
Како што нагласува во интервјуто за Радио Слободна Европа во саботата портпаролот на претседателот на Авганистан, Ајмал Фаизи „ние се согласуваме со извештајот на ОН и потврдуваме дека невини авганистански деца гинат како резултат на спроведените операции од страна на коалицијата, а особено при американските воени операции во изминатите десет години”. Фаизи уште вели дека „војната против тероризмот во Авганистан се спроведено неправилно, што резултира со цивилни жртви, вклучувајќи ги и децата”.
Во соопштението на командата на ИСАФ од петокот се вели дека споменатиот извештај ма ОН е неоснован. „ИСАФ го намали нивото на операциите меѓу цивилното население на 49 отсто во 2012 година, покажувајќи дека авганистанскиот народ е камен-темелникот на неговата мисија во Авганистан”. „Доколку се навлезе подетално, бројот на деца кои се убиени и ранети како резултат на нашите воздушни операции се намалил во 2012 година за речиси 40 отсто во споредба со 2011 година”, се вели во соопштението на командата на меѓународните сили во Авганистан. Исто така, беше наведено и дека за намалување на операциите меѓу цивилното население, силите на ИСАФ и армијата на САД развија детален систем на техничка и тактичка контрола врз употребата на оружје, како и постапка на надзор, се вели во соопштението на мисијата, која смета дека „ја употребува својата сила пропорционално на постоечките закани”
Макфакс
Авганистанската влада ги потврди податоците содржани во извештајот на Обединетите нации за стотици смртни случаи на авганис

Пронајдете не на следниве мрежи: