Авиони на НАТО на нашето небо, добивме ли заштита?

Авиони на НАТО на нашето небо, добивме ли заштита?

Американските авиони „Б1“ полетаа од Јужна Дакота вчера и до Македонија беа во непрекинат 30-часовен лет. Гориво им се долеваше по пат во воздух. Сликата подолу, стратешкиот бомбардер Б1 на авијацијата на САД.

Грчките авиони кои што го надлетаа нашето небо беа од типот „Ф16“.

Надлетувањето беше за да се поздрави влезот на Република Македонија во НАТО како 30 членка на Алијансата. Американските бомбардери биле пресретнати од 4 воздухоплови од типот Ф16 на грчкото воздухопловство и заедно во формација летаа и беа видливи во Штип, Велес, аеродромот Петровец и на крај над Скопје.

Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз рече дека денешниот прелет е израз на трајната поддршка за Северна Македонија, како и гест преку кој ви посакуваме добредојде како 30 членка на НАТО Алијансата.

Прочитајте уште и за војната на Трамп со Твитер:

Твитер сокри твит на Трамп, кој веднаш возврати и тргна во решителна акција

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.