Авионот од Истанбул кој синоќа требаше да слета на аеродромот во Скопје се вратил назад во Турција заради немање услови да слета на скопскиот аеродром, дознава “Скопје1.мк“.
Авионот направил неколку обиди да слета, но од безбедносни причини било оценато дека слетувањето не е изводливо. Не е јасно зошто авионот не слетал на аеродромот во Охрид. Во авионот била и дел од делегацијата од Македонија која учествуваше на самиотот на УНЕСКО во Баку, заедно со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски и други членови на делегацијата.
Еден од членовите на делегацијата Андреј Жерновски, заменик-министерот за надворешни работи пред два дена се вратил во Македонија.