среда, 11 ноември 2026
Најново

Авион кој летал од Ниш до Базел принудно слетал поради чад во кокпитот

Авион на компанијата „Визер“ вчеравечер принудно слетал во Загреб поради чад во кокпитот, пренесува „Индекс.хр“.
Летот од Ниш до Базел бил пренасочен кон аеродромот во Загреб „Фрањо Туѓман“ додека се наоѓал во воздушниот простор на Австрија. Три лица побарале лекарска помош.
Од аеродромот во Загреб потврдиле дека авионот бил итно пренасочен поради појава на чад во кабината на пилотите. Како што пишува „Авиорадар“, медицинска помош побарале двајца патници и еден член на екипажот, а деталите за повредите не се познати.


Авионот, во кој имало 180 патници, слетал во Загреб во 21 и 02 часот по локално време, по што патниците останале на терминалот до пристигнувањето на заменскиот авион.
Причините за чадот засега не се познати.

Пронајдете не на следниве мрежи: