Авион на американското воено воздухопловство се урна во Средоземното Море

Авион на американското воено воздухопловство завчера се урнал во Средоземното Море за време на тренинг лет, соопшти Европската команда на Соединетите Американски Држави (USEUCOM).

„Вечерта на 10 ноември, американски воен авион кој изведуваше вежби во источниот дел на Средоземното Море се урна и падна“, се вели во соопштението.

Командата не открила информации за авионот и членовите на екипажот, ниту пак пријавила смртни случаи или повредени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.