Вистинска драма се случувала утрово на аеродромот во Единбург, Велика Британија, кога авион на компанијата „Ryanair“ се судрил со камион-цистерна за гориво додека се подготвувал за полетување.
Инцидентот се случил во моментот кога патниците веќе биле во авионот, со нетрпение чекајќи го летот кон Фаро, Португалија. Токму кога леталото почнало да се движи, дошло до директен контакт со цистерната, по што веднаш била наредена итна евакуација на сите присутни.
Еден од патниците за британските медиуми го опиша моментот на судирот како исклучително вознемирувачки.
„Беше страшно. Пилотот се обрати преку мегафонот и се обидуваше да се преправа дека ситуацијата не е толку сериозна како што изгледаше, но веднаш стана јасно дека авионот повеќе не може да се користи. Штуку почнавме да се движиме кога удривме во цистерната за гориво“, вели еден од очевидците.
Од аеродромот во Единбург потврдија дека се случил „инцидент“ на пистата, но истакнаа дека за среќа нема повредени. Иако летот за Португалија е откажан, од аеродромските власти тврдат дека настанот не предизвикал поголеми прекини во останатиот сообраќај и операциите на аеродромот продолжуваат по план.
Технички екипи во моментов ја испитуваат штетата на авионот, а патниците чекаат дополнителни информации за тоа кога ќе бидат префрлени на друг лет.



