Авион на воздухопловната компанија „Ryanair“ кој во петокот полетал од Лондон кон канарскиот остров Ланзароте, морал да слета во Португалија откако се степале седум патници, извести таблоидот Daily Mail.
Наименуван очевидец рекол за весникот дека сите учесници во инцидентот биле Британци, а извор од португалската полиција изјавил дека едно лице е уапсено.
- Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притворКривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба изјавена- прочитај повеќе
- Срамота е ова што го прават трговците пред празниците !Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до трговците да го преиспитаат своето- прочитај повеќе
- Светот не е подготвен за хаосот што ќе се случи! Масивна вулканска ерупција се приближува? Тоа би го променило лицето на ЗемјатаВо 1815 година, индонезискиот вулкан Тамбора ја имаше најмоќната вулканска ерупција во запишаната историја. Таа ерупција- прочитај повеќе
- Хезболах не знаел дека купува пејџери од Израел?Двајца поранешни припадници на Мосад за американската телевизија „Си-би-ес Њуз“ (CBS News)- прочитај повеќе
- Новиот филм на Кристофер Нолан ќе се базира на адаптацијата на епската „Одисеја”,Прикажана во јули 2026 година.Новиот филм на режисерот Кристофер Нолан ќе се заснова на адаптацијата на- прочитај повеќе
Локалниот весник La Voz de Lanzarote, повикувајќи се на изјави на сведоци, наведува дека „група мажи пиела и малтретирала некои од патниците“.
Авионот полетал од аеродромот Лутон во 8,15 часот утрото и требало да слета во 12,15 часот на Ланзароте, шпанскиот остров на северозападот од Африка. Меѓутоа, пренасoчен бил кон аеродромот Фаро, на југот на Португалија, каде што слетал во 10,50 часот по локално време.
На својата интернет страница Daily Mail објави видео на коешто се гледа како четворица полицајци во униформи со присила изведуваат надвор маж кој дава отпор. Некои од патнците го снимаат инцидентот, а некои му посакуваат „довидување“.
Минатиот месец уште три авиона од Обединетото Кралство принудно слетаа во Фаро.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.