Авион од Грузија принудно слетал во Белград

На аеродромот “Никола Тесла“ во Белград принудно слетал авион. Брзата помош примила повик дека еден од патниците е онесвестен и веднаш се упатила на местото на настанот.
Според неофицијалните информации до принудното слетување дошло затоа што на една патничка и се слошило. Пред слетувањето таа се жалела на јака болка во градите. Набрзо по тоа се онесвестила, па на помош и притекнале сопатниците од авионот кои се обиделе да ја реанимираат.
Се работи за авион на компанијата Wiz Er кој летал од Грузија за Милано. Брзата помош веднаш по пристигнувањето се посомневала на инфаркт, но лекарите ја продолжиле реанимацијата. На несреќната жена, сепак, и немало спас и починала на аеродромот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.