Авион од Дубаи од денес под карантин во Њујорк, им се слошило на стотина патници

Патнички авион од Дубаи што денеска слетал на аеродромот ЏФК во Њујорк бил ставен под карантин откако над 100 од вкупно 500 патници се пожалиле на висока температура и мачнина.
Се уште нема информации што може да е извор на масовното заболување на патниците.

Според првичните информации, патниците што се заболени имаат треска, со температури до 38 степени.
Медиуми и патници во Њујорк јавуват дека голем број амбулантни возила се движат околу авионот. На аеродромот биле забележани и припадници на Секретаријатот за заштита на татковината – водечката служба за безбедност од надворешни закани во САД. Досега само на неколкумина членови на екипажот им било дозволено да го напуштат леталото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.