Финска ќе воведе задолжителни тестови за корона вирус и карантини за патници од одредени земји со висок ризик, рече во понеделникот надлежниот министер, откако 24 од 157 патници кои пристигнаа од Скопје во Македонија, беа тестирани позитивни на Ковид-19.
Доброволното тестирање беше организирано на аеродромот Турку во Финска во саботата за сите патници кои пристигнаа на лет од Скопје, откако властите проследиле летови од Македонија и Букурешт во Романија, како два главни извори на неодамнешни нови инфекции со корона вирус во Финска, изјави министерот за семејни работи и социјални услуги, Криста Киуру, пред новинарите.
„Епидемијата е на Балканот“, рече Киуру, осврнувајќи се на неодамнешното скромно покачување на инфекциите во Финска.
Задолжителниот двонеделен карантин и можен случаен тест за корона вирус по пристигнувањето во Финска ќе се применуваат за секој што ќе пристигне од земја со повеќе од 8 до 10 нови случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последните 14 дена, соопштија властите.
Во моментов, правилото важи за повеќето земји, со исклучок на 25 земји, како што се Италија, Јапонија, Грција и Норвешка каде инфекциите остануваат ниски.
Минатата недела, инфекции во Финска беа 2,3 на 100.000 жители во текот на седум дена, со вкупно 7.601 случаи и 333 смртни случаи потврдени до понеделникот.
Киуру рече дека од авиокомпаниите ќе се бара да ги известат своите патници доколку можат да бидат подложени на задолжителен тест за корона вирус по нивното пристигнување во Финска.
Неисполнувањето на двонеделниот карантин ќе биде санкционирано со до три месеци затвор или парична казна, додаде таа.
Кијуру рече дека новите правила ќе се применуваат што е можно поскоро, но потребни се некои службени одобренија