Авион со гости за ОБСЕ кружел 20 минути над Скопје – еве ги деталите!

Поради технички дефект, авионот на Ер Србија кој летал од Белград за Скопје, на летот JU 162, морал да се врати во Белград.

Авионот АТР 72, кој полетал во 13 часот и 25 минути од аеродромот Никола Тесла, кружел над Скопје 20 минути, пред пилотот да донесе одлука да се врати во Белград.

Циклонот Борис – катастрофа од епски размери: Две причини зошто е толку разорен!
Циклонот Борис веќе донесе екстремни количества дожд низ Централна и Источна Европа, а слично сценарио се очекува и во наредните денови. Невремето, како што пишува СиЕнЕн е толку разорно од две причини. Прво, студениот воздух од север …
Силјановска Давкова именува тројца членови на Советот за безбедност
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно своите уставни надлежности, денеска ги именуваше за членови на Советот за безбедност Малинка Ристевска Јорданова – експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини – поранешен министер за финансии и Владимир Спиридонов – експерт за …

Како што им било кажано на патниците, дефектот во авионот не бил опасен и не го спречил слетувањето, но авионот би останал приземјен во Скопје, бидејќи таму не би можело брзо да се поправа, како што е случајот во Белград.

Авионот безбедно слетал на аеродромот Никола Тесла во 15:51 часот, а на официјалната веб страна на скопскиот аеродром е објавено дека летот ќе доцни неколку часа и авионот ќе слета околу 20 часот.

Станува збор за авион кој Ер Србија го изнајмува и во кој имало екипаж од Данска.

Сите седишта во авионот биле исполнети бидејќи со овој лет летале голем дел од гостите кои доаѓаат на самитот на ОБСЕ што се одржува во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.