Авион со три пара крила би трошел 70% помалку гориво

Комерцијалните авиони не се познати по напредната технологија бидејќи тие во голема мера останаа исти со децении, но новиот дизајн привлекува внимание, особено затоа што целта на авионската индустрија е да ја намали потрошувачката на гориво и емисиите на јаглерод.
Концептот на новиот авион неодамна го претстави SE Aeronautics, а неговиот пристап кон дизајнот е невообичаен бидејќи авионот има три пара крила, двојни опашки и два задни мотори.
Станува збор за прототипот SE200, авион кој може да прими 264 патници, и кој ќе троши 70% помалку гориво од другите авиони со слична големина. Ќе може да лета 16.900 км без потреба од слетување, а неговата максимална брзина ќе биде нешто повеќе од 1.110 километри на час. Оваа брзина е поголема од брзината на авионите од истата класа. Исто така, дополнителен пар крила создава поголема пловност, што резултира со пократко полетување и слетување, со што се овозможува употреба на помали аеродроми.
Новиот концептен авион нема да има гориво во своите крила, поради што дизајнерите можеа да се фокусираат на потенки и аеродинамични дизајни. Горивото во овој случај ќе биде во резервоарот над трупот. Прототипот има интегрирана монококна структура од еден дел што ќе биде посилна и побезбедна од постоечката која се распаѓа во случај на несреќа бидејќи е составена од делови.
Покрај тоа, употребата на композитни материјали ќе го направи авионот еден од најекономичните, а неговиот животен век ќе трае 50 години. Производството на авиони ќе биде двојно побрзо, а извршниот директор на SE Aeronautics, Тајлер Метјус, изјави дека концептот ќе направи револуција во авионската индустрија.
Во изминатиов период беа презентирани неколку различни концепти на авиони насочени кон економијата, а меѓу нив, авионот Flying-V е развиен за да биде економичен, да прими 314 патници и да има голем дострел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.