Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека слободата на изразување е уставно гарантирана категорија и како таква е неприкосновена, со што, како што наведува, се приклучува кон реакциите во врска со судската пресуда донесена од судијката Јованка Спировска Панева во случајот „Фероинвест против ИРЛ“, за сторијата „Заговор против воздухот“.
- Министрите за енергетика на ЕУ на состанок во Ирска: гасот поскапува, се разгледуваат мерки за штедење
- Главните карактеристики на секој хороскопски знак
- Кремаст десерт во кој многумина ќе уживаат: Направете неодолив колач од чоколадо и ванила
- Новинарите ја открија тајната на Путин: Тој ја крие својата внука од јавноста, чиј татко е балетскиот танчер Зеленски
- Човечки труп пронајден во канал во Бардовци
- Филипче: Тотална шизофренија – мала група пучисти со сите сателити на Мицкоски на една маса
- Стеф Кари стана најплатен играч во историјата на НБА
- Големо откритие за Бик, може да дознае за измама
- Девет лица се уапсени под сомнение за воени злосторства во Косово
-Оваа слобода може да биде ограничена само во одредени, точно определени случаи кога се загрозува јавната безбедност и мир, јавното здравје и слично. Граѓаните имаат право да бидат објективно, навремено и точно информирани за сите прашања кои се од исклучителна важност и се однесуваат на јавниот интерес и остварувањето на ова право треба да биде поттикнувано и охрабрувано од сите релевантни чинители во општеството, наведуваат од АВМУ.
Воедно, посочуваат дека објавувањето уреднички обликувани содржини, во кои не се прекршени професионалните новинарски стандарди кои притоа се емитувани и на јавниот сервис е во насока на остварување на слободата на говор и слободата на информирање и зачувувањето на интересот на граѓаните.
Пронајдете не на следниве мрежи:



