Австралиски политичар тврди дека муслиманите се одговорни за нападот врз џамиите во Нов Зеланд

Масакрот во џамиите во Нов Зеланд вчера беше тема на денот во светот. 28-годишниот Австралиец Брентон Тарант упадна во две џамии и со автоматско оружје уби најмалку 49 луѓе.
Од целиот свет пристигнуваа пораки на сочувство до Нов Зеланд, но сенаторот на австралиската сојузна држава Квинсленд, Фрејзер Енинг, за масакрот ги обвини муслиманите.
Енинг го осуди колежот, но потоа изјави дека нападот го истакнува стравот од муслиманите кој расте во Австралија и Нов Зеланд.
„Вистинската причина за крвопролевањето на улиците на Нов Зеланд денес е емиграциската програма коај на муслиманските фанатици им дозволи да се доселат на Нов Зеланд“, изјави 69-годишниот сенатор во соопштение.

 

View image on Twitter

– Нека ни биде јасно, иако муслиманите можеби се жртвите денес, обично тие се извршителите. Низ светот муслиманите убиваат луѓе во името на својата вера во индустриски размери, додаде Енинг.
Тој го спореди исламот со фашизмот и смета дека иако “следбениците на таа дивјачка религија не се убијците во овој случај, тоа не ги прави безгрешни“.
На крајот на своето соопштение Енинг ја цитира Библијата. “Кој се фаќа за меч, од меч и ќе загине“, заклучи Енинг додавајќи дека муслиманите не можат да бидат изненадени ако некој реши да им врати со иста мера.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.