четврток, 26 ноември 2026
Најново

Австралија ќе ги олесни ограничувањата поврзани со КОРОНА ВИРУСОТ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Австралија ќе ги олесни ограничувањата поврзани со КОРОНА ВИРУСОТ

Австралија ќе ги олесни ограничувањата за социјално дистанцирање во неколку чекори во текот на следните четири недели, изјавија владини претставници.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Австралискиот совет на министри денеска се состана за да одлучи кои рестриктивни мерки ќе се укинат поради намалувањето на бројот на нови случаи на коронавирусот.

Австралија во март воведе строги ограничувања за физичко растојание, заедно со затворање на границите, што драстично го намали бројот на новозаразени со коронавирусот.

Експерти предупредуваат на можен пораст на ХИВ, маларија и други болести за време на корона-кризата

Со нешто над 20 новозаразени дневно, австралискиот премиер Скот Морисон денеска почна разговори со шефовите на државите и териториите за да одлучи кои ограничувања ќе се олеснат.

Ублажувањето ќе се одвива постепено, со цел мерките да не доведат до повторен пораст на заразата, изјавија двајца извори запознаени со планот и додадоа дека ограничувањата ќе се укинуваат постепено во четири седмици.

Австралија го победи коронавирусот: Само на четири лица им е дијагностициран КОВИД-19 за 24 часа, додека кривата „се движи надолу“ и земјата би можела да се врати во нормала за три недели

Австралија има 6914 потврдени случаи на заразени со коронавирусот. Од Ковид-19 починаa досега 97 луѓе.

Поврзани вести