Австралијци пронајдоа две грутки злато вредни речиси 200.000 евра

Копачи од Австралија, за рок од само неколку, часа пронајдоа две огромни грутки злато во вредност од безмалку 200.000 евра.
Грутките со вкупна тежина од 3,5 килограми се пронајдени во еден ден во близина на рударскиот град Тарнагула во сојузната држава Викторија. Брент Шенон и неговите роднини Пол и Итан Вест се пронаоѓачите. Тие, по неколкумесечно чекање за дозвола, почнале да копаат во подрачје што дотогаш не било истражувано.
Според познавачи, грутките би можеле да достигнат и до 30 отсто поголема цена ако некој колекционер се заинтересира за нив.
Најголемата грутка злато што досега е откриена е онаа од јануари 2013 година. Тежеше 5,5 килограми и беше пронајдена близу Баларат, на еден час возење од Тарнагула.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.